На 09.09.2020, СТАР – Прв Колектив на Сексуални Работници на Балканот во соработка со ТрансФормА – Transforma организираше еднодневна обука на тема „Зајакнување на капацитетите при донесување на одлуки за ХИВ“. На обуката учество земаа вкупно 10 трансродови сексуални работници. На оваа обука беше презентиран документот кој е излезен од самата заедница за нивните потреби и барања, како и пристап до социјални, правни и здравствени услуги во Република Северна Македонија.
Оваа активност е во рамките на проектот „Подобрени ХИВ програми конкретно за трансродови лица во Република Северна Македонија“ поддржан од Eurasian Key Populations Health Network – EKHN.