Исклучителните околности предизвикани од глобалната пандемија на КОВИД-19 има силно влијание врз економските активности, а сособено негативно влијае врз најранливите категории на граѓани кои потешко се справуваат со предизвиците во време на вонредната состојба.
Министерството за труд и социјална политика, се со цел да им помогне на најзагрозените граѓани во Република Северна Македонија, го прилагоди системот на социјална заштита во пресрет на потребите на граѓаните.
- Продолжено е времетраењето на олеснетиот услов за утврдување на материјална необезбеденост. Наместо само за месеците април и мај, утврдување на материјална необезбеденост на домаќинство само врз основа на приходите во последниот месец, се продолжува до декември. Со оваа измена се овозможува брза реакција на системот на социјална заштита и давање финансиска поддршка на домаќинствата кои останале без приходи во претходниот месец од разни причини: престанок на работен однос, губење на други видови приходи и слично.
- Проширен е опфатот на ранливите групи граѓани кои може да добијат финансиска поддршка. Со измените, право на гарантирана минимална помош може да оствари и она домаќинство каде има лице кое е избришано од евиденцијата на невработени лица заради нередовно пријавување или на кое работниот однос му престанал спогодбено, по барање или со отказ.
- Олеснети се поединечни критериуми за остварување на правото на гарантирана минимална помош. Поседување на возило постаро од 5 години и земјиште со површина до 500 м2, освен земјиштето на кое се наоѓа објектот каде корисникот живее, нема да се сметаат како имот што корисникот може да го оттуѓи или изнајми и на тој начин да се издржува.
- Околу 30.000 домаќинства добиваат по 1.000 денари енергетски додаток. Освен за месеците април и мај, оваа мерка се продолжува до месец септември, односно и надвор од грејната сезона, со цел да им се обезбеди дополнителна поддршка на најранливите семејства.
- Гарантирана минимална помош
Право на гарантирана минимална помош има домаќинство кое е материјално необезбедено и нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува.
За материјално необезбедено се смета домаќинство чија вкупна просечна висина на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето за остварување на правото и во текот на користењето на правото е пониска од висината на утврдената гарантираната минимална помош, согласно со законот.
„УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА“ (https://koronavirus.gov.mk/wp-content/uploads/2020/04/Uredba-za-ZSZ-30-3-2020.pdf)
Потребни документи за остварување и користење на право за гарантирана минимална помош
- Пополнето Барање за гарантирана минимална помош
- Пополнета Изјава – согласност на подносителот и другите членови на домаќинството за користење на нивните лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош. Изјавата-согласноста, може да ја добиете во меѓуопштинските центри за социјална работа или на страната на МТСП.
Потребна документација за остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош за сите членови на домаќинството е следнава:
- Важечка лична карта (на увид);
- Извод oд матичната книга на родените (копија);
- Извод од матичната книга на венчаните (копија);
- Извод од матичната книга на умрените (копија);
- Писмена изјава за потврда дека лицето не поседува заштеда/штеден влог во банка над 70.000 денари.
Доколку треба да се потврдат следниве факти, барателот треба да ја приложи и следнава документација:
- Пресуда за развод на брак (копија);
- Пресуда за определелан законска издршка (копија);
- Потврда за редовен студент (копија);
- Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија (копија);
- Тужба за законска издршка против близок сродник кој по закон е должен да го издржува, односно полномошно на службено лице во центар за социјална работа за поведување на оваа постапка (копија).
За повеќе информации, прочитајте го „ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ, УТВРДУВАЊЕ НА СОСТОЈБАТА НА ПРИХОДИТЕ, ИМОТОТ И ИМОТНИТЕ ПРАВА НА ДОМАЌИНСТВОТО, ОПРЕДЕЛУВАЊЕТО НА НОСИТЕЛОТ НА ПРАВОТО, ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА“ на следниов линк: http://mtsp.gov.mk/content/pdf/2019pravilnici/30.5%20ostvaruvanje%20na%20garantirana%20paricna%20pomos.pdf
- Право на детски додаток и детски додаток за образование
Детски додаток е право на детето и се обезбедува како паричен надоместок за покривање на дел од трошоците во подигање и развој на детето, во зависност од материјалната состојба на домаќинството и се обезбедува на дете до наполнување на 18 години живот, како и на корисници на гарантирана минимална помош согласно Законот за социјална заштита.
Право на детски додаток се обезбедува на дете државјанин на Република Северна Македонија кое живее во домаќинство со постојано место на живеење во Република Северна Македонија и доколку домаќинството не поседува имот и имотни права од кои може да се издржува.
Право на детски додаток се обезбедува и на дете од домаќинство кое остварило односно користи право на гарантирана минимална помош согласно Законот за социјалната заштита.
Право на детски додаток може да оствари еден од родителите на детето, старателот или лицето на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа детето му е доверено на чување и воспитание под услови утврдени со овој закон.Корисникот на правото на детски додаток треба да биде државјанин на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во Република Северна Македонија.
Потребни документи за остварување на право за детски додаток:
- Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот, државјанството и живеалиштето (за сите полнолетни членови на домаќинството);
- Пресуда за развод на брак – правосилна судска пресуда/ фотокопија од извод на матична книга на родени на родителот подносител на барањето не постар од шест месеци- за разведен брак /вдовецвдовица (оригиналот се доставува на увид);
- Пресуда за определена законска издршка;
- Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија;
- Потврда од банка за штеден влог;
- Потврда за исплата на воена инвалиднина;
- Доказ дека едниот родител живее во брачна и/или вонбрачна заедница;
- Доказ дека едниот родител е исчезнат- доказ од надлежен суд;
- Доказ за временски период за издржување на казна затвор/правосилна извршна пресуда,
- Потврда за редовен студент.
Потребни документи за остварување на право за детски додаток за образование:
- Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот, државјанството на идентитетот и живеалиштетот (за сите полнолетни членови на домаќинството);
- Пресуда за развод на брак-правосилна судска пресуда;
- Пресуда за определна законска издршка;
- Договор за извршување на работи во врска со спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија;
- Потврда од банка за штеден влог;
- Потврда за исплата на воена инвалиднина;
- Доказ дека едниот родител е исчезнат – од надлежен суд;
- Доказ за временски период за издржување на казна затвор;
- Потврда за редовен студент;
- Потврда за детето/ученикот дека е запишан и е редовен ученик во основно училиште/средно училиште.
Референци: