“Од Нас за Нас “слави 50-то издание!

]Горди сме што стигнавме до педсетиот број на изданието “ Од Нас за Нас ”, месечник кој неколку години наназад е препознаен од заедницата како алатка за информирање , едуцирање и забава од областа на сексуалната работа. Педесет изданија кои пренесуваа пораки и едуцираа сексуални работници не само во Скопје туку и низ цела Македонија, ние сме среќни за секој еден весник кој стигнал во рацете на сексуален работник, за секоја една статија прочитана од вас.
OD NAS ZA NASvesnik br38-PrintOd nas za nas br44-Print
Приказната започнува во Октомври 2008 година кога и всушност е излезен првиот број на Од Нас за Нас , како идеа за зближување на едни со други, споделување на искуства, едукација, настани и стории во областа на сексуалната работа.
Од Нас за Нас во годините наназад полека прерасна во бренд помеѓу сексуалните работници, многумина од нив допринесоа за крајниот лик и содржина на овој наш заеднички продукт !
Секогаш се раѓаа нови идеи, и тогаш кога сексуален работник посака да се најде насловна страна на весникот… Така започнавме со редовни интервјуа на лица од нашата заедница. Содржината и ликот се менуваа во текот на годините преку идеите, креативноста но и критиките кој доаѓаа од самата заедница.
Во месеците наназад беа присутни и критиките, но тоа нас посебно не радуваше како показател дека весникот стига до сексуалните работници и е читан, тоа е она што нас не прави среќни.
Од Нас за Нас и понатаму ќе продолжи да биде информатор за целата заедница на сексуални работници како во Скопје така и во Македонија, отворен за промени со основна цел преку забава да стигнеме до едукација и информирање до секој сексуален работник !!!
vesnik br48 OD NAS ZA NAS PRINTvesnik br46 od nas za nas