Одржани серија обуки за подигнување на капацитетите на сексуалните работници за комуникациски вештини и јавни политики и медиуми

Во перидот од 01.11 – 13.11.2019, СТАР-СТАР организираше серија на обуки за подигнување на капацитетите на сексуалните работници за комуникациски вештини и јавни политики и медиуми во три градови, Скопје, Гостивар и Струмица. Со обуките беа опфатени 28 учесници од заедницата на сексуални работници, со цел зајакнување на нивните капацитети и унапредување на нивните комуникациски вештини за застапување, вклучување во креирање на јавни политики и медиуми.

Се одржа една серија на обуки со по три работилници за градење на капацитетите на тема: “Јавни политики и медиуми“ во СТАР-Централ, СТАР-Запад и СТАР-Исток, во рамките на институционалниот проект “Јакнење на организациските капацитети на СТАР-СТАР“ и една серија на обуки со по три работилници на тема: “Подигнување на капацитетите за комуникациски вештини“, во рамките на проектот “Имплементација на SWIT алатката“. Проектите се поддржани од ФООМ – Фондација Отворено Општество и SWAN – Регионална мрежа за застапување на правата на сексуалните работници во Централна и Источна Европа и Централна Азија.

Tags: , , ,