Во перидот од 23.09 – 27.09.2019, СТАР-СТАР организираше серија на обуки за градење на капацитетите на сексуалните работници за учество во донесување на одлуки поврзани со ХИВ инфекција во три градови, Скопје, Гостивар и Струмица. Со обуките беа опфатени 24 учесници од заедницата на сексуални работници, со цел зајакнување на нивните капацитети и унапредување на нивните вештини за застапување, и спроведување на одлуки поврзани со ХИВ инфекција.
Се одржа една серија на обуки со по три работилници за градење на капацитетите на тема: “Учество во донесување и спроведување на одлуки поврзани со ХИВ инфекција“ во СТАР-Централ, СТАР-Запад и СТАР-Исток, во рамките на институционалниот проект “Јакнење на организациските капацитети на СТАР-СТАР“ и една серија на обуки со по три работилници на тема: “Зајакнување на капацитетите за учество во донесување на одлуки за ХИВ“, во рамките на проектот “Имплементација на SWIT алатката“. Проектите се поддржани од ФООМ – Фондација Отворено Општество и SWAN – Регионална мрежа за застапување на правата на сексуалните работници во Централна и Источна Европа и Централна Азија.
Овие работилници имаат за цел да обезбедат вклученост на претставници на заедницата на сексуални работници во Националниот тим за депенализација на сексуалната работа во Р. Северна Македонија и во Националниот тим за застапување и учество во креирање на Националниот протокол за воведување на програма за користење на ПРЕП профилакса.