Унапредување на модели и практики во здравствениот систем кон третманот на маргинализираните заедници со особен акцент кон сексуалните работници
Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје, организираше дводневна обука со претставници од здравствениот сектор на територијата на град Скопје, во рамките на проектот: “Мобилизација и интеграција на сексуалните работници во подобрувањето на секундарната здравствена грижа“, поддржана од Фондацијата ViiV Healthcare Foundation и програмата MSMT Positive Action Fund.
На дводневната обука учество земаа шест здравствени работнци, се рализираа работилници и предавања на теми за ХИВ, заедница на сексуални работници, пол и род, модели и практики во други земји во работа со маргинализирани лица. Фасцилитатори на обуката беа: Борче Божинов, Трајче Јанушев, Глигор Чанов и Лаура Фер.
Обуката се одржа во период од 05-02-2016 до 07-02-2016 година во Софија, Република Бугарија.
Целта на Стар-Стар со овие обуки е да се намалат слабостите на здравствениот систем и истите да се заменат со реализам и со алтернативни политики, сензибилизирани на потребите на сексуалните работници.
Обуката исто така имаше за цел да го унапреди знаењето на здравствените работници во работата со лица од ЛГБТ и МСМ популацијата, сексуални работници и лица кои живеат со ХИВ, да се подобри пристапот до информации од областа на сексуалното и репродуктивното здравје и подобрување на пристапот до здравствени услуги. Истовремено, отвораме можност за унапредување на соработката помеѓу здравствените работници и граѓанскиот сектор.



