ОГЛАС ЗА РАБОТЕН АНГАЖМАН: КОНСУЛТАНТ ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР во рамки на проектот “Организациско јакнење на капацитетите на СТАР”, објавува конкурс за ангажман на определено време за ангажирање на консултант со експертиза за стратешко планирање.

1. Профил на консултантот

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

• повеќегодишно искуство во доменот на стратешко планирање и организациско управување
• повеќегодишно искуство во развој на долгорочни стратешки планови
• спроведен ангажман и дадена ексепртиза од областа на стратешко планирање и развој, кај најмалку 3 организации/институции.

2. Цели, задачи и временска рамка

Кандидатот треба да биде спремен да одговори на следниве барања и задачи:

• да спроведе процес на стратешко планирање на организацијата за период 2015-2018 година, во рок од 15 дена од склучување на договорот но не подоцна од 31-ви декември, 2014 година.
•да спроведе процес на унапредување на организациските визија, мисија, лого и мото на организацијата
• да им помогне на членовите на организацијата да ги идентификуваат организациските цели за периодот 2015-2018 година
• да развие стратешка временска рамка
• да развие единствен работен план на организацијата за 2015 година.

3. Аплицирање

Кандидатите треба да ја поднесат следнава документација:

•професионална биографија со вклучени референци од претходно дадена професионална експертиза вклучувајќи име на организацијата/институцијата и контакт од раководниот орган на истата
•временска рамка и акционен план на спроведување на тренингот

При селекцијата на кандидатите, предност ќе им биде дадена на оние кандидати кои по кој било основ досега имаат дадена своја професионална експертиза во развојот на СТАР-СТАР.

Огласот започнува на 27.11.2014 година и трае 7 дена, односно до 04.12.2014 година. Заинтересираните кандидати потребно е комплетната документација со назнака Оглас за консултант за стратешко планирање да ја достават на следнава електронска адреса: bozhinov@starsexwork.org

Некомплетната и ненавремено испратена документација нема да биде предмет на разгледување. Кандидатите кои што аплицирале ќе бидат известени за резултатите, во рок од 3 дена по затворањето на огласот.