ОГЛАС ЗА РАБОТЕН АНГАЖМАН: КОНСУЛТАНТ ПО ФИНАНСИСКО МЕНАЏИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР во рамки на проектот “Организациско јакнење на капацитетите на СТАР”, објавува конкурс за ангажман на определено време за ангажирање на консултант со експертиза од финансиско менаџирање и управување.

1. Профил на консултантот

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

• повеќегодишно искуство во доменот на финансиско менаџирање и управување, во граѓански или бизнис сектор
• повеќегодишно искуство во развој на организациски буџети и нивно менаџирање
• спроведен ангажман и дадена ексепртиза од областа на финансиско менаџирање и управување кај најмалку 3 организации/институции.

2. Цели, задачи и временска рамка

Кандидатот треба да биде спремен да одговори на следниве барања и задачи:

• да спроведе тридневен тренинг за финансиско менаџирање и управување во рок од 15 дена од склучување на договорот но не подоцна од 31-ви декември, 2014 година.
• да спроведе неформална ревизија во финансиското работење на организацијата и даде свој заклучок преку наративно изразување
• да даде своја експертиза од областа на стандардна оперативна процедура во финансиското менаџирање и управување, и начини на изготвување на финансиско известување за грантови за потребите на донаторите
• да развие годишен финансиски буџет за потребите на организацијата
• да развие единствен организациски правилник за работа со готови средства

3. Аплицирање

Кандидатите треба да ја поднесат следнава документација:

•професионална биографија со вклучени референци од претходно дадена професионална експертиза вклучувајќи име на организацијата/институцијата и контакт од раководниот орган на истата
•временска рамка и акционен план на спроведување на тренингот

При селекцијата на кандидатите, предност ќе им биде дадена на оние кандидати кои по кој било основ досега имаат дадена своја професионална експертиза во развојот на СТАР-СТАР.

Огласот започнува на 27.11.2014 година и трае 7 дена, односно до 04.12.2014 година. Заинтересираните кандидати потребно е комплетната документација со назнака Оглас за консултант по финансиско менаџирање и управување да ја достават на следнава електронска адреса: bozhinov@starsexwork.org

Некомплетната и ненавремено испратена документација нема да биде предмет на разгледување. Кандидатите кои што аплицирале ќе бидат известени за резултатите, во рок од 3 дена по затворањето на огласот.