Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР во рамки на проектот “Организациско јакнење на капацитетите на СТАР”, објавува конкурс за ангажман на определено време за ангажирање на консултант со експертиза од административното работење и управување.
1. Профил на консултантот
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
• повеќегодишно искуство во доменот на административно работење и управување во граѓански или бизнис сектор
• повеќегодишно искуство во развој на организациска, бизнис или било каква друга архива согласно законите за административно работење и управување
• спроведен ангажман и дадена ексепртиза од областа на административно работење и управување кај најмалку 3 организации/институции.
2. Цели, задачи и временска рамка
Кандидатот треба да биде спремен да одговори на следниве барања и задачи:
• да спроведе тридневен тренинг за административно работење и управување во рок од 15 дена од склучување на договорот но не подоцна од 31-ви декември, 2014 година.
• да спроведе неформална ревизија во организациската архива и даде свои сугестии кон подобрување на истата
• да даде своја експертиза од областа на стандардна оперативна процедура во административното работење и управување
• да развие план на архивски знаци за распоредување на актите на организацијата
• да развие план на документиран материјал со рокови на негово чување
• да развие единствен организациски прирачник за административно работење и управување
• да развие единствен организациски протокол за јавни набавки
3. Аплицирање
Кандидатите треба да ја поднесат следнава документација:
•професионална биографија со вклучени референци од претходно дадена професионална експертиза вклучувајќи име на организацијата/институцијата и контакт од раководниот орган на истата
•временска рамка и акционен план на спроведување на тренингот
При селекцијата на кандидатите, предност ќе им биде дадена на оние кандидати кои по кој било основ досега имаат дадена своја професионална експертиза во развојот на СТАР-СТАР.
Огласот започнува на 27.11.2014 година и трае 7 дена, односно до 04.12.2014 година. Заинтересираните кандидати потребно е комплетната документација со назнака Оглас за консултант по административно работење и управување да ја достават на следнава електронска адреса: bozhinov@starsexwork.org
Некомплетната и ненавремено испратена документација нема да биде предмет на разгледување. Кандидатите кои што аплицирале ќе бидат известени за резултатите, во рок од 3 дена по затворањето на огласот.