ОГЛАС ЗА ПРИВРЕМЕН РАБОТЕН АНГАЖМАН: КОНСУЛТАНТ ЗА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ

Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР во рамки на проектот “Институционален грант на СТАР-СТАР”, објавува конкурс за привремено ангажирање на Консултант со експертиза за стратешко планирање.

  1. Профил на консултантот

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • повеќегодишно искуство во доменот на стратешко планирање и организациско управување;
  • повеќегодишно искуство во развој на долгорочни стратешки планови;
  • спроведен ангажман и дадена експертиза од областа на стратешко планирање и развој, кај најмалку 3 организации/институции.
  1. Цели, задачи и временска рамка

Кандидатот треба да биде подготвен да одговори на следниве барања и задачи:

  • да спроведе процес на стратешко планирање на организацијата за период 2018-2020 година, во рок од 15 дена од склучување на договорот но не подоцна од 31-ви декември, 2017 година;
  • да спроведе процес на унапредување на визијата, мисијата, логото и мотото на организацијата;
  • да им помогне на членовите на организацијата да ги идентификуваат организациските цели за периодот 2018-2020 година;
  • да развие стратешка временска рамка;
  • да развие единствен работен план на организацијата за 2018 година.
  1. Аплицирање

Кандидатите треба да ја поднесат следнава документација:

  • професионална биографија со вклучени референци од претходно дадена професионална експертиза вклучувајќи име на организацијата/институцијата и контакт од раководниот орган на истата;
  • временска рамка и акционен план на спроведување на тренингот;

При селекцијата на кандидатите, предност ќе им биде дадена на оние кандидати кои по кој било основ досега имаат дадена своја професионална експертиза во развојот на СТАР-СТАР.

Огласот започнува на 23.11.2017 година и трае 7 дена, односно до 30.11.2017 година. Заинтересираните кандидати потребно е комплетната документација со назнака Оглас за консултант за стратешко планирање да ја достават на следнава електронска адреса: bozhinov@starsexwork.org

Некомплетната и ненавремено испратена документација нема да биде предмет на разгледување. Кандидатите кои што аплицирале ќе бидат известени за резултатите, во рок од 3 дена по затворањето на огласот.

Tags: , ,