Во тек е вториот дел од обуката (04.08 – 06.08.2020) за нови советувачи за ХИВ тестирање во организација на Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Скопје, во рамите на проектот: „Сексуални работници/чки и даватели на здравствени услуги во заедничка акција за давање сеопфатни услуги за ХИВ и СПИ без стигма и дискриминација за сексуални работници/чки во Република Северна Македонија“. На оваа тридневна обука, учество земаа истите учесници кои присуствуваа и на првиот дел од обуката за ХИВ советувачи, односно вкупно 8 сексуални работници од Скопје, Гостивар и Струмица.
Вториот дел од обуката има за цел да им овозможи акредитација на учесниците за нови ХИВ советувачи, кои ќе бидат вклучени во сервисите за доброволно ХИВ советување помеѓу заедницата на сексуални работници/-чки во нашата земја.
Проектот е поддржан од ViiV Healthcare Positive Action Programme.