Административниот суд во Дортмунд забрани практикувањето на најстарата професија на територијата на градот, откако бројот на сексуалните работнички тројно се зголеми ,пишува германскиот весник Die Welt.
Зголемениот број на сексуалните работнички се должи на постојаната миграција која доаѓа од новите земји членки на Европксата Унија, Романија и Бугарија.
По 2007 година масовното навлегување на граѓани од новите членки на ЕУ, доведе и миграција на стотици жени кои започнаа да работат како сексуални работнички на улица. Поголемиот дел од нив пристигнуваат со автобус или авион на периодични интервали. До 2006 година на улиците во Дортмунд имало околу 60 сексуални работнички, а веќе следната 2007 година, кога Бугарија и Романија се приклучуваат кон ЕУ, нивниот број се зголемил па тој варира помеѓу 500 и 700.
И покрај забраната за проституција на улица, многу жени од Југоисточна Европа продолжуваат да пристигнуваат во северниот германски град, за да се обидат да заработат и да заштедат пари, дури и незаконски.