Не ја забранувајте сексуалната работа! – Петиција на Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA)

Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA) спроведува петиција – Не ја забранувајте сексуалнaта работа! против обидите на Шпанија да ја криминализира сексуалната работа.

Шпанската влада сака да ги забрани сексуалните работници и да ја криминализира сексуалната работа! Овој потег на шпанската влада ќе ја врати земјата во 1973 година, во периодот кога сексуалната работа била криминализирана, за време на владеењто на „најпрогресивната“ влада на Шпанија.

Голем број на организации за борба против трговијата со луѓе, како што се La Strada International, Европската НВО платформа против трговија со луѓе и Глобалната алијанса против трговија со жени, се спротиставуваат на криминализацијата на сексуалната работа. Криминализацијата на сексуалната работа ги турка сексуалните работници под земја, што доведува да работат во тешки и небезбедни услови. Веруваме дека секое човечко суштество има право да каже Да или Не кога станува збор за секс.

Бараме владата на Шпанија да се повлече од сите обиди за криминализирање на сексуалната работа и дејствување против благосостојбата на сексуалните работници.

Поддржете го барањето со потпишување и споделување на петицијата на следниов линк:

https://www.eswalliance.org/don_t_outlaw_sex_workers_consent

 

Tags: , , ,