Многу ретко се зборува за расистичката маргинализација кон црните сексуални работници, за нивните животни искуства и проблемите со кои тие се соочуваат како последица од расизмот.
Основачот на BLACK SEX WORKERS VISIBILITY PROJECT вели:
” Гласовите и животните стории на оваа група сексуални рботници во континуитет се без внимание, никој не ги слуша… Па дури и сега кога во ситуации на политичко профитирање на сметка на расизмот, дискриминација на работното место, затварање и депортација, сексуалните работници мораат силно да се организираат за да се слушнат нивните гласови”
BLACK SEX WORKERS VISIBILITY PROJECT има развиено цврсто партнерство со The Mixed Company Project. Овие два проекта работат задно на остварување на заеднички стратешки цели. Оваа платформа преку долгогодишна соработка со црни уметници и писатели, повеќето од нив и сексуални работници се залага за радикална либерализација и се изразува преку себе перцепција рушеејќи ги расистичките стереотпи особено за црните сексуални работници.
Со подигање на видливоста на црните сексуални работници, од оваа платформа веруваат дека ги рушат сите стигми и предрасуди кон оваа група на сексулани работници. Нивната работа и пристап е тотално неконвенционален, нивнтата активност е испреплетена со уметност и андерграунд. Но, на таков начин добиваат вистински и верни поддржувачи.
Или како што велат тие самите:
,,Не сакаме армија на барони и господари кои ќе манипулираат со нашата сексуалност, зошто само така можат да профитираат на нашите проблеми, а нашата цена е да сме и понатаму отуѓени од општеството, малтретирани и уништени. Ние немаме време да трчаме во круг! Ние одбиваме да седнеме на маса и да разговараме за инклузија ако цената на тоа е објективизација и токенизација. Не ни треба дозвола од никој за да го земеме она што е наше право!! ”

