НЕ за зголемување на криминализацијата во Шведска! – Петиција на Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA)

На 21 јуни, Парламентот на Шведска треба да гласа за предлог за зголемувањето на казните за клиентите на сексуалните работници, односно за купување на сексуални услуги од парична казна во затворска казна.

Како одговор, шведската организација Red Umbrella Sweden која ја претставува шведската заедница на сексуални работници, и членка на Европската алијанса за правата на сексуалните работници (ESWA) упати меѓународен повик за протест кој ќе се одржи во Стокхолм на 21 мај.

Од Red Umbrella Sweden покренаа акција преку GoFundMe, cо цел собирање средства кои ќе им помогнат да ги покријат трошоците за протестот планиран за 21 мај 2022 година и онлајн протестната кампања против штетните закони насочени кон сексуалните работници.

Меѓувремено, отворена е петиција „НЕ за зголемување на криминализацијата во Шведска!“ која може да се потпише на следниов линк: https://www.eswalliance.org/support_sex_workers_in_sweden

Со потпишување и споделување на петицијата ја поддржуваме заедницата на сексуални работници во Шведска да се изборат за своите права.

Tags: , , , ,