„Неуспесите на системот за правда“ – публикација на SWAN

SWAN ја претставува публикацијата „Неуспесите на системот за правда“ каде се пренесени искуствата на сексуалните работници/-чки поврзани со системско и несистемско насилство врз сексуалните работници/-чки и потрагата за безбедност и надомест на штета. Истражувачкиот проект е спроведен во Централна и Источна Европа и Централна Азија. Студијата е спроведена во 16 земји од именуваните региони, под водство на локални истражувачки тимови составени од сексуални работници/-чки и поддржувачи со заеднички вложени напори.

Публикацијата покажува како стигмата и криминализацијата на сексуалната работа го овозможуваат насилството и репресијата со која се соочуваат сексуалните работници/-чки од страна на полицијата и недржавните актери.

Ваквата состојба наметнува бариери за пристап до правна помош и правда, како и до програми за намалување на штети, здравствени или социјални услуги. Публикацијата „Неуспесите на системот за правда“ содржи докази како криминализација и лошите практики на полицијата се каузално поврзани со кршење на основните човекови права, несигурноста, преселувањето, прашања поврзани со старателство над деца и зголемено насилството врз сексуалните работнички кои што се жени, трансродни лица, квир, Роми, мигранти, корисници на дроги или лица кои живеат со ХИВ.

Публикацијата вклучува препораки за владите, министерствата, народените правобранители, агенциите на ОН и земјите-членки, како и за донаторски организации како да го спречат или активно да се вклучат во намалување на насилството врз сексуалните работници преку поддршка на целосна декриминализација на сексуалната работа и со тоа подобрување на пристапот до правда, како и почитување на човековите и работничките права на сексуалните раобтници/чки.

Публикацијата на англиски: http://swannet.org/files/swannet/FailuresOfJusticeEng.pdf

Превземено од http://hops.org.mk/mk