Автор: Леанора Волпе
Некои луѓе се цврсто убедени дека сексуалната работа е секогаш експлотативна, деградирачка и ги подрива сите обиди да се обезбеди местото на жената во интелектуалните и професионалните сфери. Доколку ги покажете вашите гради во бар или пак во магазин за мажи, или ако работите како проститутка, вие ќе бидете етикетирани како курва и ќе бидете сметани за жена која нема самопочит.
Феминизмот не е ништо повеќе од верување дека жените заслужуваат еднакви права и можности. Не е потребно горење на градници, мразење на мажи и растење на влакна телото, и кога сексуалната работа е пожелна и кога постои согласност, таа не е „анти-феминистичка“.
Идеjата дека сексуалната работа е деградирачка за мене не е исправна, затоа што покрај сиот труд за да се обезбедни правото на избор на жените, некои жени гордо се декларираат како феминистки и се однесуваат како полцијаки кога се во прашање оние кои работат во секс индустријата.
Оваа верзија на фемнизмот е повеќе од малку неудобна, затоа што сексуалните работнички се систематски виктимизирани, криминализирани и посрамени поради тоа што ја изразуваат својата сексуалност на начин кој не се поклопува со „прифатената“ верзија за сексот која ја имаме во нашите глави. Нашата верзија за пословичниот „маж“ кој не гони и не затвора во кујната пропаѓа во точката во која ни е најмногу потребна. „Твоето тело не им припаѓа ним!“ – велат тие. Кога проверив последниот пат, моето тело исто така не ви припаѓа ни вам.
Феминизмот не е ништо повеќе од верување дека жените заслужуваат еднакви права и можности. Не е потребно горење на градници, мразење на мажи и растење на влакна телото, и кога сексуалната работа е пожелна и кога постои согласност, таа не е „анти-феминистичка“.
Сексуалните работнички не вејат бело знаме и не рекле: „Во ред, тогаш употребувајте го моето тело како ви е мило, всушност не ни сакам да бидам третирана како човечко суштество“. Тоа е само сексуална работа, и без разлика кои економски и социјални услови го опкружуваат изборот на жената да влезе во секс индустријата, треба да и биде дозволено да го има достоинството да се чувствува повластена од нејзиниот избор, а не да биде обележана како жртва на нејзините околности.
Сексуалната работа не е безопасна. Во сексуалната индустрија постои присила и злоупотреба, но кога сексуалните работнички се нападнати или силувани, или дури и убиени, тие не се третираат со истата емпатија како и другите жени кои се жртви на сличен напад. Затоа што „се ставиле самите под ризик“, на нив им се вели дека треба да „очекуваат“ мажите да ги третираат лошо. Со тоа вината за силувањето се става на жените кои го искусиле, наместо на оние кои го сториле. Тоа е штетно и жените во секс индустријата не претставуваат брана која го задржува бранот на машките желби да заштитуваат „други жени“ од силување и напади. Тие „не си го бараат“ со тоа што се ставаат во таа позиција.
Ова спротиставување на сексуаланата работа не ги ослободува жените, тоа им го одзема гласот и ги претвора во тела, што колку што јас можам да проценам претставува токму она поради кое феминиските се бунтуваат. Да и се кажува на жената што таа може или не може да прави со нејзиното тело за мене претставува на мизогинија.
Исправно го браниме правото на жените да кажат „не“, но мора поеднакво да го браниме нејзиното право да каже „да“. Можете да се бидете феминистка и во исто време да ви се допаѓа машкото внимание. Можете да бидете феминистка и да си ги бричите нозете. Но над се, можете да бидете и феминстика и проститутка. И крајно време е да престанеме да го ограничуваме женското искуство на сет од пуритански идеали под плаштот на феминзмот и да почнеме да ги охрабруваме жените од сите сфери на животот да прават избори без да бидат осудувани.