Со цел да го одбележи Меѓународниот ден на сексуалните работници во јуни, Глобалната мрежа на проекти за сексуалната работа издаде сумирана Консензуална изјава со илустрации изработени од визуелната уметничка Моли Ханкинсон од Глазгов. Секоја илустрација претставува едно од осумте фундаментални права наведени во Консензуалната изјава.
Консензуалната изјава за сексуалната работа, човековите права и законите се осврнува на осум фундаментални права кои групите предводени од сексуални работници низ целиот свет ги идентификуваат како суштински таргети за нивниот активизам и застапување за правата на сексуалните работници. Овие осум права, доколку се целосно реализирани, би претставувале огромни чекори напред во смисла на заштита на човековите права, работничките права и здравјето на сексуалните работници.
Повеќе информации за изјавата и илустрациите на англиски јазик на: https://bit.ly/2TjmTEc