Меѓународен ден за борба против СИДА

Светскиот ден за борба против СИДА е осмислен и прифатен од 140 земји во светот на Светскиот Самит во Лондон 1988 година. Истата година, Светската здравствена организација ја согледа потребата за постоење на еден ваков ден и го прогласи 1-ви декември за Светски ден за борба против СИДА. Оттогаш, па се до денес овој ден се одбележува во скоро сите држави во светот.

”Во тековната 2016 година дијагностицирани се нешто повеќе од 30-тина лица кои живеат со ХИВ”, вели Андреј Сених, од Здружението за поддршка на луѓе што живеат со ХИВ, односно „Заедно посилни“.
”Споредбено, неколку години наназад бројот на новодијагностицирани бележи раст, но тоа никако не треба да биде причина за паника, тоа е едноставно резултат на подигнатата свесност на граѓаните за тестирање.” – додава Сених.
”Затоа програмите за ХИВ Првенција кои ги спроведуваат Граѓанските Организации во Македонија се многу важни, но со последната одлука на Владата на Р.М. со која беше скратен буџетот за Националната програма за ХИВ дел од овие програми се доведуваат до можност да бидат затворени. Оваа година одбележување на Светскиот ден за борба против СИДА, сметаме дека е најважно да го одблежиме со организирање на Протестен Марш, токму против оваа одлука на Владата на Р.М.” – вели Сених
”Да ја информираме гласно јавноста и донесувачите на одлуки зошто е важно да се обезбедат средства за програмите за превенција на ХИВ и што значат тие програми за лицата на кои најмногу им се потребни.” – додава Сених.

”Благодарение на програмите за превенција на ХИВ, голем дел од сексуалните работници во Македонија веќе години наназад се одлично едуцирани за сексуално и репродуктивно здравје. Сето ова, не ќе беше возможно без врсничката едукација која исто така е дел од овие програми”, вели Борче Божинов од Здружението на граѓани Стар-Стар.
”Самоорганизирањето на заедницата на сексуални работници во Македонија е препознаено како успешен пример на спроведување програми за превенција на ХИВ и СПИ како кај нас, така и на интернационално ниво”, додава Божинов. Тој вели дека сексуалните работници силно се спротивставуваат на одлуката за кратење на буџетот за националната ХИВ програма, и гласно ќе го изразат своето незадоволство на Протесниот Марш закажан на 1-ви Декември.

Протестен марш на Платформата за ХИВ

imgres