Марш на црвените чадори 2022

Оваа година, СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, одбележува јубилеј – 15 години Марш на црвените чадори, со слоганот 15 ГОДИНИ КОЛЕКТИВЕН ГЛАС ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ НАС.

Со одбележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работнициние, сексуалните работници заедно со нашите партнери и поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот СкопјеТрансФормА и Коалиција Маргини, и оваа година се приклучуваме кон глобалното одбележување на овој значаен ден за нашата заедница со традиционалниот Марш на црвените чадори.

Овогодинешната кампања ја посветуваме на 15 годишниот јубилеј, преку ретроспектива на изминатите маршеви на црвени чадори, на сите наши успеси, постигнувања, јавни пораки и барања, но и предизвици и проблеми со кои сме се соочувале низ годините во борбата против насилството и дискриминацијата.

МАРШ НА ЦРВЕНИТЕ ЧАДОРИ
САБОТА, 17-ТИ ДЕКЕМВРИ, 12:00 ЧАСОТ
МЕСТО: НА ПЛАТОТО ПРЕД СПОМЕН КУЌАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА

Спроведувањето на кампањата по повод обележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници е финансирано од Фондација Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Линк до Фејсбук настанот: https://www.facebook.com/events/665305441974610

#15 години #маршнацрвенитечадори

Tags: ,