Марш на црвените чадори 2021

По повод одбележувањето на 17-ти декември – Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, ние, сексуалните работници, здружени во СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и нашите поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција МАРГИНИ, во рамки на овогодинешната кампања, по четиринаесети пат ќе се приклучиме кон глобалното одбележување на овој значаен ден за заедницата со организирање на традиционален Марш на црвените чадори.

Црвената е боја на убавината, а чадорот е глобален симбол на сексуалната работа кој ја симболизира заштитата од надворешни влијанија.

Маршот, традиционално ќе се одржи во Скопје на 17.12.2021 (петок), и ќе започне во 12 часот, од пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија и ќе заврши на плоштад „Филип II“. Пред започнување на маршот, сексуални работници ќе дадат изјави за медиумите.

Со овогодинешната кампања, повторно ќе ставиме акцент на потребата од декриминализација на сексуалната работа како најдобра правна рамка за унапредување на човековите, работничките и здравствените права на сексуалните работници, како и итноста од донесување нова правна рамка за регулација на сексуалната работа во Република Северна Македонија.

Сексуалната работа е препознаена како најстарата професија на светот, а државата одбива да го признае трудот на најстарите работници на светот. Затоа, сакаме да ја истакнеме потребата од итно донесување на соодветен модел за регулација за сексуалната работа во Република Северна Македонија, и да ги прашаме надлежните институции: ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА КОГА?

МАРШ НА ЦРВЕНИТЕ ЧАДОРИ
ПЕТОК, 17-ТИ ДЕКЕМВРИ, 12:00 ЧАСОТ
МЕСТО: НА ПЛАТОТО ПРЕД СПОМЕН КУЌАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА

Маршот на црвените чадори ќе се одржи во согласност со сите важечки протоколи и мерки за организирање на јавни настани од овој тип, со строго почитување на здравствените мерки за заштита од КОВИД-19.

Спроведувањето на кампањата по повод обележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници е поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија.

Линк до Фејсбук настанот: https://www.facebook.com/events/1280169872458058

#маршнацрвенитечадори #декриминализацијакога

Tags: , ,