ЦРВЕНИОТ ЧАДОР-ГЛОБАЛЕН СИМБОЛ НА СЕКСУАЛНАТА РАБОТА
Црвениот чадор го симболизира отпорот против насислтвото, временските и човековите напади. Тој ја симболизира заштитата на сексуалните работници од злоупотреба од страна на полицијата, макроата, клиентите, општеството. Црвената боја симболизира убавина. Црвениот чадор за прв пат беше искористен од страна на сексуалните работници и нивните поддржувачи во Венеција, Италија во 2001 година. Така наречениот Прв светски конгрес на сексуални работници беше уметничка инсталација на словенечкиот уметник Тадеј Погачар, поставен во рамките на 49-тото Венециско биенале, помеѓу 6-ти и 8-ми јуни во 2001 година. Организиран на јавен простор под шатор во „Павиљон на проститутките” на настанот учествуваа група учесници и индивидуалци од Тајван, Тајланд, Виетнам, Италија, Камбоџа, Германија, САД и од Австрија. Тие ја презентираа ситуацијата на пазарот и дискутираа за стратегија во борбата за човекови права на сексуалните работници. Беа организирани видео проекции, изложби, перформанси, уличен театар од активисти и беа дистрибуирани печатени материјали. Една од активностите беше маршот на црвениот чадор. Сексуалните работници маршираа по улиците на Венеција и користеа мегафони и цврени чадори, со што укажуваа на лошите услови за работа и злоупотребата на човековите права со кои тие се соочуваат. Маршот започна пред шаторот на павиљонот движејќи се кон центарот на градот. Меѓународниот комитет за правата на сексуалните работници го усвои црвениот чадор како симбол за отпор против дискриминацијата. Сите знаеме какво глобално значење има црвената панделка, црвениот чадор би можел да го има истото.
Централен настан по повод овој ден е Маршот на црвените чадори, кој ќе се оддржи на 17.12.2016 година (сабота) со почеток во 12 часот од пред Платото на спомен куќата на Мајка Тереза.