Марш на женски права: Дали е среќен 8 март?

Првиот колектив на сексуални работници на Балканот – СТАР-СТАР, се вклучува во борбата за еднакви права на жената, по повод одбележувањето на 8 ми март. СТАР-СТАР има една заедничка цел, а тоа е унапредување и промоција на правата на сексуалните работници во Република Северна Македонија.

Заедницата на сексуални работници и оваа година се приклучува кон Маршот на женски права, со цел да даде поддршка во борбата на жените за родова еднаквост, еднакви права, слобода и солидарност.

Сите граѓани на Република Северна Македонија, без разлика на родовата припадност и избор на професија имаат право на:

  • на живот, слобода и сигурност;
  • на слобода на движење и живеалиште;
  • на приватност и семејство;
  • на работа, на слободен избор на работното место и на праведни и поволни работни услови;
  • на здравје;
  • на мирни собири и здружувања;
  • јавна вклученост;
  • заштита од секаков вид на дискриминација;
  • еднакви можности во сите сфери на живеењето.
Tags: , , ,