Оваа година, Маршот на црвениот чадор слави 20 години историја од 49-тото Интернационално биенале за уметност, кое се оддржа во Венеција, Италија, во 2001 година, каде што за прв пат сексуалните работници го искористија црвениот чадор како симбол за заштита. По тој повод, Triple-X Workers’ Solidarity Association of British Columbia објавија видео со протестни маршови на сексуални работници, вклучувајќи ги јавните протести на сексуалните работници во Скопје, Ванкувер, Венеција и Брисел низ годините наназад.
Првиот Марш на црвениот чадор во Скопје, беше организиран во 2008 година, од страна на заедницата на сексуални работници во Р.С. Македонија, и во него земаа учество околу 20 сексуални работници. Овој марш започна пред зградата на Националната македонска телевизија, каде што сексуалните работници ги нудат своите услуги на отворена сцена. Првите три години (2008-2010), јавните протести на сексуалните работници беа симболични и се одвиваа без присуство на медиумите, што пак се должи на стравот на сексуалните работници да излезат во јавност. Но, од година во година, се зголемува видливоста на овие јавни настани, и изминативе години гордо маршираме во центарот на Скопје. Бројот на сексуални работници, активисти, поддржувачи и пријатели се зголемува со текот на годините, како и на сексуалните работници кои го водат Маршот на црвениот чадор.
Марш на црвениот чадор, Скопје, 2008 година