Драг Квин е уметност каде владеат хомосексуалците со децении, но и жените можат да бидат кралици, вистински Драг Квин! Британски магазин Vice, објави одлично видео во кое се прикажуваат моменти од животот на три девојки од Лондон кои се Драг Квин.
Овие девојки сеуште не се тотално прифатени од целокупната геј заедница во Лондон, често добиваат коментари и дилеми дали тие смеат да се натпреваруваат со нивните машки колеги.
Кога станува збор за светот на Драг Квин културата тоа обично се поврзува со сексуалноста и родот, но не е секогаш така, тоа го покажуваат овие три лондончанки.
По дефиниција Драг Квин обично преставува маж кој се облекува и однесува како женско, при тоа најчесто тоа се лица кои изведуваат перформанси и шоуа. Но овие лондончанки ги уриваат табуата во светот на Драг Квин културата и докажуваат дека уметничката форма треба да е неутрална.
Погледај Видео Can’t Drag Us Down: Meet London’s Female Queens
[:]