Лицата со попреченост треба да имаат пристап до сексуални работници и сексуални услуги

Лицата со попреченост треба да имаат пристап до сексуални работници и сексуални услуги според Националната агенција за осигурување на лица со попреченост.

Разликата помеѓу сексуален терапевт и сексуален работник е во овозможувањето физички контакт. Додека сексуалниот терапевт е задолжен за вербална терапија, сексуалниот работник има значајна улога во овозможувањето сексуално задоволство.

Како и сите други, лицата со попреченост имаат сексуални потреби. Сексуалното изразување е основен дел од човековото битисување, а попреченоста не ја намалува сексуалната желба, ниту нивната потреба за блискост.

Децениски истражувања покажаат големи придобивки од сексот, кои вклучуваат подобрување на физичкото здравје, квалитетот на животот и психолошката благосостојба.

Луѓето со попреченост (без разлика дали се работи за физичка или ментална попреченост)  може да се соочат со предизвици во постигнувањето сексуално задоволство. Професионалната сексуална терапија води кон сексуална едукација, воведување во сексот и советување на парови и лица со попреченост.

Сексуалните терапевти имаат професионални квалификации за здравствена заштита, психологија или советодавна психологија, со специјализирана обука за сексуална терапија. Третманот на лицата со попреченост генерално се фокусира на тоа како да уживаат или како да продолжат со сексуални и интимни активности по повреда или инвалидитет и како да ги прилагодат своите сексуални активности во согласност со попреченоста на клиентот.

Но, советодавната терапија не може да им овозможи на овие лица да ги остварат своите сексуални потреби и желби. Затоа, тука треба да настапат сексуалните работници кои можат да помогнат пружајќи сексуална услуга на лице со попреченост или физички да асистираат на парови со попреченост да имаат секс.

За оние кои немаат потенцијални партнери или физички и/или интелектуален капацитет за сексуално изразување, пристапот до услугите на сексуални работници за задоволување на нивните сексуални потреби треба биде сосема легитимна опција.

Сексуалното изразување и интимноста се основни човечки потреби и треба да бидат подеднакво препознаени кај лицата со и без попреченост како битен аспект во подобрувањето на квалитетот на нивниот живот, а сексуалните работници се едни од клучните чинители кои треба да бидат вклчучени во овој процес.

(Текстот е оригинално објавен во месечниот магазин S-Work No.103)