СТАР – Првиот Колектив на Сексуални Работници на Балканот продолжува со реализирање на вторите три од серијата на онлајн вебинари за јакнење на капацитетите на сексуалните работници/чки во рамки на националната имплементација на SWIT програмата, потпомогната од нашиот регионален партнер SWAN – Sex Workers Advocacy Network и Глобалната мрежа NSWP – The Global Network of Sex Work Projects преку грант на Robert Carr фондацијата.
Регистрацијата за учество на вебинарите е исклучиво по покана на нашата организација – СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и во нив учество ќе земат ограничен број на сексуални работници/чки од Скопје, Струмица и Гостивар. Фасилитатори на онлајн вебинарите на тема „Креативна работилница за готвење и споделување на рецепти“ се: Моника Тасевска, Борче Божинов и Лила Милиќ.