СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, во соработка со ХОПС-Опции за здрав живот-Скопје, и со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија, подготвија лифлети со корисни информации за превенција и совети за заштита од Корона вирусот и истите ќе бидат дистрибуирани помеѓу заедницата на сексуални работници. Сметаме дека овие информации ќе им бидат од корист на сексуалните работници, особено на оние кои и покрај мерките и ограничувањата на Владата, сепак се одлучуваат да преземат сопствен ризик и да продолжат со својата работа да нудат и продаваат сексуални услуги, бидејќи тоа е единствениот начин на кој заработуваат и од кои зависат цели семејства.