Граѓанската Иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР на ден 15.01.2015 година објавува:
КОНКУРС ЗА РАБОТНО МЕСТО – ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
Во рамките на своето административно и финансиско работење, СТАР-СТАР има потреба од ангажирање на финансиски асистент со полно работно време од 35 часа неделно.
Заинтересираните кандидати, треба да ги исполнуваат следниве услови:
Квалификации:
1. завршено високо образование;
2. висок степен на познавање на англиски јазик, особено писмено изразување
3. одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft Office)
Искуство и вештини:
1.повеќегодишно искуство во граѓански сектор
2.искуство во административна и финансиска работа, организирање настани и подготовка на финансиски и програмски извештаи
3. познавање на законите за административно и финансиско работење
4.изградена способност за тимска работа
Заинтересираните кандидати, започнувајќи од 15.01.2015 а најдоцна во рок од 7 дена односно до 22.01.2015 година до 17 часот, треба да достават:
1.биографија во која јасно ги истакнуваат претходните искуства од бараните подрачја
2.писмо за мотивација
3.задолжително најмалку една препорака од претходни работодавачи
За овој работен ангажман во првите 5 месеци а започнувајќи од 01.02.2015 година СТАР-СТАР обезбедува месечен бруто хонорар во износ од 15.000 денари, со можност за унапредување на лицето со нова работна позиција ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР и зголемување на месечниот бруто хонорар по истекот на првиот договор или да му обезбеди редовно вработување.
Најдоцна во рок од 7 дена, на избраниот кандидат, СТАР-СТАР ќе му овозможи тридневна обука од областа на административното и финансиско работење од страна на врвни експерти.
Документите со назнака КОНКУРС ЗА РАБОТНО МЕСТО – ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ да се достават на следнава електронска адреса: bozhinov@starsexwork.org
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.