Компаративна анализа во однос на усогласувањето на националното законодавство со меѓународните норми, стандарди и конвенции за здравствени услуги кај малолетни лица

Правото на здравје претставува универзално човеково право кон кое треба да се стреми секоја демократска и социјална држава. Правата кои во себе содржат здравствена и социјална компонента произлегуваат од меѓународните конвенции и воспоставени стандарди и институти. Тие треба да се составен дел од националното законодавство на секоја држава која дополнителните правни норми од областа на здравството и социјалата може понатаму да ги надградува и прилагодува на сопствениот уставен и општествен поредок.

Здравствената заштита на децата и на адолесцентите треба да претставува приоритет на секоја држава доколку се има предвид фактот дека тие претставуваат посебна ранлива група чиј развој треба да се следи низ континуиран скрининг со цел навремено детектирање и превенирање на заболувања, правилен психо-физички развој, навремена имунизација, како и овозможување поддршка при лекување од зависности како резултат на употреба на дроги и други психотропни супстанции.

Оваа компаративна анализа има за цел да ги утврди националните и меѓународни механизми за здравствена заштита и овозможување здравствени услуги на малолетни лица. Воедно, преку анализа на меѓународната правна рамка ќе се утврдат недостатоците во националниот правен систем со што ќе се отвори простор за идна (евентуална) интервенција во националното законодавство.

Издавањето на оваа публикација е поддржано од Фондација Отворено општество – Македонија во рамки на проектните активности на Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје.

Целосната анализа можете да ја прочитате/преземете тука:

Компаративна анализа во однос на усогласувањето на националното законодавство со меѓународните норми, стандарди и конвенции за здравствени услуги кај малолетни лица.