Колективен став на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балкaнот за правна регулација на сексуалната работа во Република Северна Македонија

Со цел да бидеме активно вклучени во процесите на креирање политики и пракси кои ја третираат сексуалната работа, спроведовме консултација помеѓу нашата заедницата на која разгледавме три главни модели за правна регулација на сексуалната работа: Нордиски модел; Модел за легализација на сексуалната работа и Модел на декриминализација и депенализација.  

Од нашата консултација, моделот за декриминализација и депенализација едногласно е избран како најсоодветен модел кој овозможува правно признавање на сексуалната работа како работа и остварување на правата и слободите на сексуалните работници загарантирани со Уставот и законите на Република Северна Македонија.

Земајќи ги предвид ставовите на заедницата на сексуални работници, како и препораките на Обединетите Нации за декриминализација на доброволната сексуална работа и активностите поврзани со неа се залагаме за правна регулација со која би се заштитиле човековите права на сексуалните работници и би се намалила дискриминацијата, стигмата, јавната осуда и предрасудите.

Колективниот став на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балкaнот за правна регулација на сексуалната работа во Република Северна Македонија може да го прочитате/преземете во целост на следниов ЛИНК.

Tags: , ,