„Важно е да се препознаат специфичностите на различните клучни популации, се мисли на субгрупите во рамките на една заедница, трансродовите сексуални работници, сексуалните работници кои инјектираат дрога, машките сексуални работници. Сите овие субпопулации си имаат свои специфики кои треба да се таргетираат ако сакаме да создадеме услуги кои одговараат на сите поединечно,“ – Симона Атанасова, магистер по јавно здравје, консултант по јавно здравје и здравствени системи.
Дополнително на тркалезната маса „Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми за сексуални работници“ која СТАР- Прв колектив на сексуални работници на Балканот ја оддржа на 22.10.2020 во Јавна Соба, нашиот соговорник, Симона Атанасова, магистер по јавно здравје, консултант по јавно здравје и здравствени системи говореше за интеграцијата на SWIT алатката, вклучувајќи ја потребата од креирање на сеопфатна програма со сексуални работници/-чки, воспоставување на механизам за вклучување на заедницата, како и препознавањето на специфичностите на различните клучни популации.