„Сакам да ја истакнам важноста на интегрирањето на SWIT алатката во одговорите на државата кон превенцијата на ХИВ. Инвестирањето во превенција од ХИВ носи далекусежни придобивки за целото општество, како и за здравствениот систем.“ – Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, претставничка на националната канцеларија на Фондот за население на Oбединетите нации (УНФПА) во Република Северна Македонија.
„Цело време зборуваме за сеопфатност на услугите што подразбира сеопфатен пристап до сексуалното здравје. Тоа не нешто што треба да го гледаме како луксуз, туку како основна потреба за клучните популации.“ – Андреј Сених, претставник на Заедно Посилни – група за самоподдршка на лицата што живеат со ХИВ.
Претставничката на националната канцеларија на Фондот за население на Oбединетите нации (УНФПА), Јованка Брајовиќ Григоријевиќ и претставникот на Заедно Посилни, Андреј Сених, на тркалезната маса „Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми за сексуални работници“ говореа за важноста на интегрирање на сеопфатните ХИВ програми во националните одговори за превенција од ХИВ од страна на државата и промовирањето на квалитетни услуги за клучните популации.