„ПрЕП е корисен како превентивна мерка која би можела да се понуди на сите засегнати групи, како на МСМ популацијата, така и на сексуалните работници и трансродовите лица,“ – Зоран Јорданов, претставник на ЕГАЛ – Еднаквост за геј и лезбејки.
„Почна да се зборува за воведувањето на ПрЕП помеѓу граѓанскиот сектор и во рамки на Министерството за здравство, односно за пилотирање на ПрЕП како дополнителна мерка за ХИВ превенција,“- Борче Божинов, претседател на СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот.
Претседателот на СТАР, Борче Божинов и претставникот на ЕГАЛ – Еднаквост за геј и лезбејки на тркалезната маса „Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми за сексуални работници“ Зоран Јорданов говореа за препораките за користење на ПрЕП како дополнителна опциона мерка за заштита од ХИВ помеѓу клучните популации.