„SWIT алатката има поставено стандарди по кои треба да работат националните програми како што е Националната ХИВ програма која што не е стандардизирана… Алатката ги покрива стандардите и нормите кои треба да бидат задоволени и по кои сексуалните работници треба да ги добиваат потребните услуги,“ – Борче Божинов, претседател на СТАР – Прв колектив на сексуални работници.
„Бараме националната програма да се институционализира, односно организациите да бидат препознаени како даватели на услуги, и да се подобри давањето на услугите преку стандардизација на програмата со примена на препораките од SWIT алатката,“ – Хајди Штерјова Симоновиќ, претставник на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Претседателот на СТАР, Борче Божинов и претставничката на ХОПС, Хајди Штерјова Симоновиќ на тркалезната маса „Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми за сексуални работници“ говореа за потребата од стандардизација и институционализација на националните програми со примена на препораките од SWIT алатката наменета за сексуалните работници.