На тркалезната маса „Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми за сексуални работници“ која СТАР- Прв колектив на сексуални работници на Балканот ја оддржа на 22.10.2020 во Јавна Соба, нашиот соговорник, Симона Атанасова, магистер по јавно здравје, консултант по јавно здравје и здравствени системи говореше за јавните политики кои треба да ги вклучуваат сексуалните работници, за бариерите со кои тие се соочуваат во пристапот на здравствени услуги како и третманот и превенција од ХИВ поради стигмата и дискриминацијата во системот, како и за важноста од декриминализација на сексуалната работа во намалување на ХИВ инфекциите.
„Генерално сексуалните работници во светот се помалку опслужени во рамки на програмите за справување на ХИВ инфекции… Со декриминализација на сексуалната работа, во наредните 10 години според проценките може да доведе до намалување на новите ХИВ инфекции за 46% и до 20% преку елиминирање на насилството,“ – Симона Атанасова, магистер по јавно здравје, консултант по јавно здравје и здравствени системи.