Во рамки на тркалезната маса „Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми за сексуални работници“ која СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот ја оддржа на 22.10.2020 во Јавна Соба, издвојуваме клучни елементи преку изјавите на нашите соговорници за време на презентација на SWIT алатката пред членови на Националната ХИВ комисија.
„Целта на програмата е да ги изгради капацитетите на сексуалните работници, со цел да ја користат алатката, како и зајакнати капацитети за промена на законските регулативи и носење на позитивни законски решенија за сексуалните работници“ – Катерина Партинова, поранешно одговорно лице за менторство со сексуални работници во Мрежата за застапување на сексуалните работници во Источна Европа и Централна Азија (SWAN), која говореше за значајноста од вклучување на заедницата на сексуални работници во процесите на создавање на сеопфатни ХИВ/СПИ програми, глобалната програма за проширување на употребата на SWIT алатката вклучувајчи ја и Република Северна Македонија, како и целта на програмата.