Кали Брнс : Ако можете за нешто да сонувате, тогаш можете и тоа да бидете!!

Кали Брнс е Европска Драг Кралица, перформанс – уметник, писателка, глумица, модел… Она е Гламазонка која плени со својата боженствена природа. Со својот експертски тим и уметничките соработници сите нејзини настапи и перформанси се единствени и посебни. Она е господарица на авангардата, елеганцијата и естетиката, она е божица на новата Европска драг квин ера, инспирирачка визија на која делата не треба да и се заобиколат…

Која е вашата дефиницја за гламур ?

К.Б.: Она што ќе ми го каже мојот стилист. Нормално СЕ ШЕГУВАМ ! Се она што е неминливо и остава траг во времето, се што е уникатно и неповторливо, се што нас не прави да се чуствуваме возвишено, се она што на нас ни го одзема здивот и го сакаме а не знаеме зошто… За мене и вистинската љубов е безусловна гламурозна љубов !

Зошто сте се одлучиле баш за овој вид на уметност ?

К.Б.: Поентата на алтер-егото е да направите или спроведете се она што со своето его не би биле во состојба да го направите. Како Драг Квин имате можност да на потполно различни начини, преку единствен јазик да овозможите на своите најдлабоки и најскриени желби и потреби да излезат на површина и го здогледаат светлото на денот. Драг ме прави вистински слободна !

 

За крај што имате да им кажете на оние кои можеби во иднина би сакале да се занимаваат со истото што и вие ?

К.Б: И како што прочуениот Ру Паол рекол : Родени сме голи, се останато е Драг. А јас ќе ви кажам : Бидете кој и да скате да бидете, само вие имате право да ги одредите вашите граници. Ако можете за нешто да сонувате, тогаш можете и тоа да бидете.

Целото  интервју so Kali Burns во  S-Work No.8.