И сексуалната работа е работа !

Декларацијата на сексуалните работници е изготвена од сексуални работници и организации посветени на промовирање на нивните човекови права и благососотојба. Декларацијата ги наведува правата кои сите граѓани на Европа, вклучувајќи ги и сексуалните работници ги имаат согласно Меѓународниот закон за човекови права. Декларацијата ги опишува мерките и праксите кои потписниците на Декларацијата веруваат дека се потребни за осигурување на минимална почит и заштита на овие права. Овие права мораат да се почитуваат и штитат во развојот и воведувањето на политиките и програмите креирани за справување со трговијата со луѓе, нередовна миграција и тероризам.