Истражување за сексуалната работа во Црна Гора

Една четвртина од испитаниците имале прв сексуален однос пред да наполнат 14 години, додека првиот однос за кој добиле финансиска надохнада, матријални добра или наркотици во просек бил на возраст од 22,3 години.

web

Истражувањето на Институтот за јавно здравје и невладината организација Јувентас покажало дека сексуалната работа ја има секаде низ Црна Гора, но дека сепак е најраспространета во Подгорица и Бар.

Активисти од НВО секторот повеќе од три месеци на терен контактирале со сексуални работници кои со финансиска надохнада, прифаќале да бидат вклучени во истражувањето.

Всушност, секој сексуален работник добил по 40 евра за анкетата која ја пополнил, 15 евра за даден примерок од крв исто толку за секој колега/колешка која би го “регрутирале” за потребите на истражувањето.

Amsterdam

Нај младата испитаничка имала 18 а нај старата 60 години, пренесуваат медиумите во Црна Гора.

Поголемиот дел од испитаниците т.е. 69,5 проценти имале по четири клиенти неделно, а секои десетти испитаник имал осум или повеќе клиенти на неделно ниво.

Сексуалните работници најчесто своите клиeнти ги наоѓаат преку посредство на познаници и пријатели. Друг најчест начин на контактирање со клиенти е телефонски контакт, кафани, улица, паркови, барови, ноќни клубови…

Истражувањето покажува дека секој петнаесети сексуален работник/чка до клиенти доаѓа преку посредство со таксисти, макроа и агенција, додека во заклучоците од истражувањето се наведува дека ХИВ инфекцијата помеѓу црногорските сексуални работници спаѓа во епидемија со низок интензитет по критериумите на Светска здравствена организација.

Редовното користење на кондоми е веќе секојдневие , особено меѓу сексуалните работници кои се со понизок степен на образование. Но сепак во заклучоците на истражувањето се наведува дека ризичното сексуално однесување е сеуште доста присутно, бидеејќи испитаниците потврдиле дека не користат кондом при секоја прилика.

Исто така ова истражување покажало дека 32,5 проценти од сексуалните работници употребуваат или употребувале дроги. Од нив 15 проценти дрогата ја инјектирале, додека 9,1 процент од нив опремата за инјектирање ја делеле со друго лице.

 

Извор : http://www.telegraf.rs/