Хана Конатар е транс жена од Подгорица, родена како машко. Поради својот изглед, таа постојано доживувала вербално и физичко насилство, а честопати и презир од луѓе кои воопшто не ги познавала. Сето тоа влијаело негативно врз нејзиниот живот. Имало периоди кога не се чувствувала доволно добро и мислела дека не заслужува љубов. Денес, таа се сака себеси и го ужива секој нов ден.
„Ми беше потребно долго време да го прифатам своето тело. Во општество кое не знае што значи да си трансродова личност, каде што насилството е одговор за секоја различност беше тешко да се засакаш себеси, да го прифатиш своето тело, а лицемерно е да не го сакаш само затоа што не изгледа како телото на останатите жени“, објаснува Хана.
За Порталот Аналитика, Хана зборува за се што поминила низ животот, детството, процесот на самоприфаќање, процесот на транзиција, за среќните, но и за тажните моменти, како и за проблемите со кои трансродовите лица се соочуваат секојдневно во Црна Гора.
Детството на Хана и книгите со самовилите
Потсетувајќи се на своето минато, Хана Конатар (21) зборува за тоа колку нејзиното детство било среќно. Разиграна и полна со имагинации, се облекувала во гардеробата на сестра и, си играла со барбики, гледала бајки со принцези во главните улоги, а за време на Новогодишните празници му пишувала писма на Дедо Мраз да и донесе кукла за подарок. Таа не можела да сфати дека е поразлична од другите.
„Првата ситуација на која се сеќавам, се случи во една книжарница каде дирекно ми кажаа дека правам нешто погрешно“. Родителите не однесоа мене и мојот брат да купиме прибор и тетратки за прво одделение и јас избрав тетратки на кои имаше Барби и Пегаз. Кога дојдовме до касата, касиерката ми рече дека тоа е тетратка за девојчиња и дека треба да купам иста таква како што имаше земено брат ми. Јас не избрав друга. Утредента заедно со мојата мајка отидовме во продавница во близина на нашата куќа, каде што купивме книга со самовили, но мајка ми купи и бела корица за да ја обложиме книгата за да не ме исмејуваат другите деца, бидејки сепак тоа било книга за девојчиња“, раскажува Хана Конатар.
Растејќи, нејзиното тело почнувало да се менува, и колку повеќе се развивало, таа почнала да чувствува незадоволство од „некои делови од телото”.
„Бев многу шокирана кога почна брада да расте на моето лице, дури и ги убедував моите родители да ме носат на дерматолог, бидејќи чувствував дека тоа не треба да ми се случува. Тогаш не знаев дека моите гениталии, широки рамења, подолги нозе и раце не го дефинираа моето тело како машко и сакав да сменам сè. Ми требаше долго време ми да почнам да го прифаќам своето тело. Растејќи во друштво кое не толерира клемпави уши, а камоли нешто друго, во околина што не научила дека автентичноста е она што на убавината и дава трета димензија. Во општество кое ќе ве дефинира како грда кога некој ќе најде нешто што не му се допаѓа кај вас, во општеството кое не знае што значи да се биде транс, каде насилството е одговор за секоја различност.
Во училиште постојано била малтретирана од соучениците и наставниците
Растејќи, околината станувала се погруба кон неа, иако Хана немала ништо направено за тоа да биде така. Школувањето го памти по немилите настани, насилството, навредувањето, сурови шеги за тоа како изгледала и се однесувала, како и физичкото малтретирање кое неретко го добивала.
„Како растев, малтретирањето кое го доживував од страна на учениците, но и од страна на наставниците беше се поизразено. Од женско петле, до фрлање столица кон мене од 10 метри оддалеченост. Не се сеќавам дека имало ден од мојата седма до осумнаесетта година, во кој немало насилство спрема мене, и се беше поради тоа што бев перцепираана како исфеминизирано машко”, вели Хана.
Со непријатни ситуации се соочува и денес, а последната била пред скоро два месеци. Чекајки автобус од Сараевската станица за Црна Гора, сретнала познаник од детството на кого сега му се претставила како Хана, и на кого му објаснила што е тоа трансродност за време на нивното патување.
„На почетокот се преправаше дека ме разбира, но некаде на граница со Босна, ми го зема пасошот и мавташе со него говорејки им на патниците кои беа во автобусот како јас сум машко, дека името во документите ми е машко, но дека на него сум му рекла дека се викам Хана. Го земав мојот документ и се правев исто како да не го слушам. Четири часа беше брутален спрема мене, а кога влегов во Подгорица, го зема телефонот и почна да се јавува на свои пријатели и им викаше да дојдат на автобуската станица за ме снимаат“, раскажува Хана за непријатната ситуација во која се нашла. Сепак успеала да му објасни дека доколку ја сними ќе биде пријавен за незаконско снимање, како и за навреда и вознемирување.
„Сепак не ја вклучи камерата, но се јави кај другарот и го стави да збори на спикерфон. Го прашуваше што би и направил на личност што се претставува како женско, а всушност е машко. Другарот одговори дека би ме претепал доколку ме види. Батеријата на мојот телефон беше празна, па не можев да повикам полиција и да го пријавам, ниту можев да повикам некој да дојде по мене на автобуската станица, но не чувствував дека можам да побарам помош од некој од патниците кои беа во автобусот, бидејки за време на целата случка никој ниту реагираше, нити се обиде да го спречи неговото насилно однесување“, раскажува Хана.
Денеска се прифаќа себеси и се сака таква каква што е
Хана денеска нема добар однос со родителите каков што би сакала. Им рекла дека не планира повеќе да се крие и дека стравот нема да го дефинира нејзиниот живот, но сепак родителите не ја прифатиле. Највеќе од сè, таа би сакала да ги подобри односите со своите родители, да им каже колку ги сака и колку нивната љубов и поодршка и се потребни.
„Тоа е она што го барам сега од Дедо Мраз, тоа е желбата која си ја замислувам кога ќе здогледам звезда како паѓа или кога прв пат влегувам во некоја просторија. Имам прекрасни родители и навистина би сакала да имам повторно однос со нив каков што сум имала претходно, во кој знаев со секој момент колку сум им значела… Понекогаш сум лута затоа што имам чувство дека нешто што е важно не е важно, освен тоа што сум транс. Со негативниот став изграден за трансродовите лица, јас сум лишена од можноста да ги изразам своите емоции”, вели таа.
Хана сега живее и се дружи со луѓе кои и веруваат и кои ја разбираат во целост. Во процесот на самоприфаќање, сепак на крајот успеала да се прифати себеси таква каква што е.
Ситуацијата е лоша, но подобра отколку порано
Иако ситуацијата во Црна Гора во однос на прифаќањето на трансродовите луѓе е многу подобра, отколку пред неколку години, сепак не е сјајна. Хана е активен член на невладината организација Спектра, која им дава заштита и поддршка на трансродовите лица.
„Транс лицата сега барем имаат некој да контактираат доколку сакаат да се сретнат со други транс лица, да побараат помош во случај на насилство или дискриминација или да добијат информации кои ќе им го олесни пристапот до здравствените, административните и социјалните услуги. Невладините организации Queer Montenegro и Juventas веќе неколку години ја поддржуваат и и помагаат. Сепак, остануваат проблемите – непочитување, насилството, неприфаќањето од семејство, слабо имплементирани закони, отсуство на закони кои би им гарантирале достоинствен живот на трансродовите лица”, објаснува таа.
Хана напоменува дека денеска има околу 10 транс лица кој се медиумски видливи и кои дале значаен допринос за гласовите на транс заедницата да бидат слушнати.
„Во овој момент не можеме да зборуваме за слободата, факт, но можеме да зборуваме за борбата за нашите животи. Едно е неизбежно, никогаш до сега не сме биле поактивни. Јас лично, на моја кожа почувствував како општеството ги третира оние различните. Никој нема да се бори за нас, никој не може да ги раскаже нашите приказни, ние мора да ја преземеме одговорноста за нашите животи”, вели таа.
Со цел да ги направат промените на своето тело, транс лицата мора да примаат хормонска терапија, која не е присутна во Црна Гора, иако е на позитивната листа на лекови. Тие купуваат лекови во Србија на црн пазар, дури и плаќаат седум пати повисока цена, и често немаат пари за тоа.
„И покрај многубројните писма што ги доставивме до Министерството за здравство, овој проблем не е решен. Јас бев на хормонска терапија од јуни минатата година до март оваа година, но бев принудена да прекинам бидејќи моите месечни трошци за хормони се околу 90 евра. Пак почнав пред еден месец и се чувствувам подобро од било кога”, вели таа.
Иднината ја замислува со куќа покрај езеро, опкружена со животни
Листата на желби и планови на Хана е многу долга. По операцијата, таа планира да се запише на универзитет и да го зајакне транс движењето.„Пред неколку години посакував само едно волшебно стапче кое би променило се, но сега сум свесена дека само вистинските информации и колку повеќе зборувам во јавноста, може да направат трајна промена”, вели Хана.
Својата иднина ја гледа како живее во куќа покрај езеро, каде што ќе ужива со своите животни.
„Сакам да имам крави, свињи и кози, и своја градина. Сакам да научам да везам и да плетам, да ја фотографирам природата, да пијам вино, да читам книги покрај каминот”, вели Хана за порталот Аналитика.
Извор: Портал Аналитика
#PortalAnalitika #HanaKonatar #MNEPride