Сексуалните работници/-чки се изложени на значителен ризик од стекнување ХИВ инфекција, заедно со мажите кои имаат секс со мажи и луѓето кои инјектираат дрога. Во Република Северна Македонија инциденцата на ХИВ се зголемува помеѓу популациите под зголемен ризик. Поради ова, потребно е да се зголемат напорите за зашитита и превенција од ХИВ инфекција. Во овој Извештај се документирани и презентирани податоците од 4 фокус групи (n=33) кои се спроведоа во Скопје, Гостивар и Струмица во октомври 2019 година. Резултатите ги опишуваат искуствата и прецепциите на различните суб-популации помеѓу сексуалните работници/-чки во Република Северна Македонија за пристапот и употребата на превентивни методи за заштита од ХИВ и другите сексуално преносливи инфекции и ги идентификува областите за зајакнување и проширување на превентвните услуги.
Публикацијата можете да ја погледнете/симнете тука:
СТАР подготви и кратко резиме од публикацијата на македонски и англиски јазик: