Информативен леток: Инфо линија за помош и совети на сексуални работници/-чки за време на КОВИД-19

СТАР-Прв Колектив на Сексуални Работници на Балканот изработи информативен леток за промоција на броевите на инфо линијата помеѓу заедницата на сексуални работници во три града Скопје, Гостивар и Струмица. Овие информативно-едукативни материјали имаат за цел да им овозможат на сексуалните работници/-чки полесен пристап до основните информации за добивање помош и услуги за време на КОВИД-19.

*Контактирајте ги нашите теренски работници, доколку сакате да Ви биде доставен целосен примерок од летокот.

Оваа активност е во рамките на нашиот проект „Брзи реакции за намалување штети од КОВИД-19 во ХИВ програмите наменети за сексуалните работници во Република Северна Македонија“, поддржан од ViiV Healthcare Positive Action Programme.