„Сѐ што треба за знаете за ХИВ и СПИ! Информирај се!“ е четвртиот информативен леток од серијата летоци изработени од СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот.
Овој едукативно-информативен леток има за цел да им ги овозможи основните информации на сексуалните работници/-чки во однос на ХИВ и СПИ (сексуално преносливи инфекции), начинот на пренос и каде можат да се обратат за бесплатно советување и тестирање.
*Контактирајте ги нашите теренски работници, доколку сакате да Ви биде доставен целосен примерок од летокот.
Оваа активност е во рамките на нашиот проект „Брзи реакции за намалување штети од КОВИД-19 во ХИВ програмите наменети за сексуалните работници во Република Северна Македонија“, поддржан од ViiV Healthcare Positive Action Programme.