Информативен леток: Совети и информации за остварување на права на парична помош од социјална заштита и обезбедување на социјални услуги

„Совети и информации за остварување на права на парична помош од социјална заштита и обезбедување на социјални услуги “ е третиот информативен леток од серијата летоци изработени од СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот. Сексуалните работници/-чки имаат можност да добиваат информации и совети за добивање на помош од социјална заштита и потребните социјални услуги преку контакт со нашиот социјален работник.

Теренските работници активно го дистрибуираат информативните летоци на терен, со цел овие информации да стигнат до поголем број на лица од нашата заедница.

*Контактирајте ги нашите теренски работници, доколку сакате да Ви биде доставен целосен примерок од летокот.

Оваа активност е во рамките на нашиот проект „Брзи реакции за намалување штети од КОВИД-19 во ХИВ програмите наменети за сексуалните работници во Република Северна Македонија“, поддржан од ViiV Healthcare Positive Action Programme.

Tags: ,