„Знај ги твоите права при контакт со полиција!“ е вториот информативен леток од серијата летоци изработени од СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот. Нашите теренски работници активно ги спроведуваат летоците помеѓу заедницата на сексуални работници кои имаат за цел да им овозможат основни информации за човековите правата при контакт со полиција, и каде можат да се обратат во случај на прекршување на правата од страна на полицијата.
*Контактирајте ги нашите теренски работници, доколку сакате да Ви биде доставен целосен примерок од летокот.
Оваа активност е во рамките на нашиот проект „Брзи реакции за намалување штети од КОВИД-19 во ХИВ програмите наменети за сексуалните работници во Република Северна Македонија“, поддржан од ViiV Healthcare Positive Action Programme.