Од 17.11.2020 – 19.11.2020 ќе се оддржи Интернационална онлајн кампања за собирање донации во заедничкиот ФОНД за итна помош од КОВИД-19 наменет за сексуалните работници низ целиот свет. Оваа кампања е иницирана од страна на BeSD – Professional Association for Erotic and Sexual Service Providers, организација предводена од сексуални работници од Германија, во соработка со TAMPEP – Европската мрежа предводена од сексуални работници – мигранти.
Оваа кампања има за цел да ги промовира сите интернационални платформи кои собираат средства за итни случаеви на КОВИД-19 за помош на сексуалните работници, преку споделување на листата на донаторски кампањи организирани од повеќе меѓународни организации кои работат на заштита на правата на сексуалните работници, вклучуваќи ја и донаторската кампања која СТАР-Прв колектив на сексуални работници на Балканот ја иницираше за помош на сексуалните работници за време на кризата со КОВИД-19.
Со споделување на онлајн кампањата на социјалните медиуми (Твитер, Инстаграм и Фејсбук), користејќи ги следниве хаштагови #nobodyleftoutside #covid19 #swrights #togetherе имаме за цел да ја подигнеме свесноста кај јавноста за потребата од помош и подршка на сексуалните работници за време на пандемијата со КОВИД-19 и да го свртиме вниманието кон катастрофалните ефекти кои КОВИД-19 ги има врз маргинализираните заедници.