Интервју со сексуална работничка од Скопје

За време на ова интервју разговаравме со сексуална работничка од Скопје која професијата ја избрала доброволно и по свој избор. Во ова искрено интервју со младата скопјанка која одлучи да биде анонимна, разговаравме за придобивките од декриминализација на сексуалната работа, за помошта и насоките од граѓанскиот сектор, но и за интимни прашања поврзани со нејзиниот живот како сексуална работничка.

Зошто ја одбра сексуалната работа?

Сексуалната работа не ја одбрав само за поголема заработувачка, туку и за истражување на сексуалноста кај мажите. Бев млада и многу љубопитна. Сакав да знам како се доживуваат мажите во сексот, нивните скриени фантазии, нивните потреби, сакав да ги знам машките ерогени зони, но сакав да откријам повеќе и за моето тело, моите ерогени зони и мојата сексуалност.

Можеш ли да го опишеш твоето прво искуство како сексуална работничка?

Моето прво искуство за мене беше премногу непријатно. Имав 18 години и сеуште бев невина. Никој дотогаш ме немаше видено гола, ниту пак јас имав видено гол маж. Клиентот беше постар маж кој имаше околу 40-тина години. По пружената еротска масажа, го задоволував рачно. Секогаш ќе го паметам моето прво искуство како сексуална работничка како многу непријатно и не сакам премногу да се навраќам на истото.

Дали ја гледаш сексуалната работа како краткорочен или долгорочен начин на заработувачка?

Сексуалната работа ја гледам како некој вид дополнителен прилив на пари. Моментално сум ангажирана во граѓанскиот сектор и таму се гледам и во иднина. Иако познавам многу сексуални работници кои ја работат сексуалната работа до пензионирање, јас сеуште не сум сигурна дека би го работела истото цел мој живот. Посветена сум на активизмот и би сакала да помогнам на идните генерации сексуални работници да поминат полесен животен пат од мојот, а тоа е возможно само со активно работење на нашите права преку граѓанскиот сектор.

Како го одвојуваш приватниот љубовен живот со професионалиот секс за пари?

Имам чувство дека водам комплетно двоен живот. Сексуалната работа ја чувам во тајност од моите љубовни партнери. Сепак, поради стигматизирањето на сексуалните работници во нашата земја, тешко е да пронајдам партнер кој ќе ме прифати со целото мое минато како сексуална работничка и нема да ме осудува поради тоа што го работам. Затоа мојот приватен љубовен живот се сведува на авантура.

Можеш ли да одвоиш некоја фантазија која мнозинството клиенти бараат да им ја исполниш?

Секој клиент е различен и има различни желби, потреби, фетиши кои повеќе или помалку го возбудуваат. Сепак, во принцип мажите најмногу  уживаат во doggy style позата и истата најмногу ја бараат. Но, исто така премногу често се случува стрејт мажи да бараат fingering, што ги води до поголемо задоволство преку стимулирање на анусот.

 Дали имаш лимити во твојата работа? Дали постојат сексуални акти кои никогаш не би ги направила за ниту една сума пари?

Секоја сексуална работничка сама ги поставува своите ограничувања. Јас никогаш не се бакнувам со клиентите. Бакнувањето го доживувам премногу интимно и блиско и не можам да го правам тоа со непознати. Исто така, не дозволувам анален секс и не отстапувам од тој принцип.

Како те третираат клиентите? Дали покажуваат почит кон тоа што го работиш, дали го почитуваат твоето „НЕ“ или пак често имаш непријатни ситуации со клиентите?

Мал е бројот на клиенти кои го осудуваат тоа што ние го работиме, бидејќи самите се корисници на услугите кои ги даваме. Сепак, иако многу клиенти тврдат дека ме почитуваат, не им верувам во целост и секогаш сум скептична дека се лицемерни во исказите. Во оваа професија за да стекнеш почит треба да им покажеш кој е главен и доминантен со цел да одбегнеш понижувачки и непријатни ситуации и да се почитуваат твоите граници. Во секој случај, се работи со најразлични карактери на луѓе и можат да настанат најразлични ситуации.

Кои се предностите, а кои се слабостите на твојата професија?

Предностите во сексуалната работа се тоа што заработувачката е брза, моето работно време го одредувам самата јас, имам повеќе време за останатите работи, повеќе слободно време за себе, паралелно можам да работам и друга регуларна работа и слично. Исто така предност е запознавањето со најразлични типови луѓе од ниска, но и од висока класа.

Кога станува збор за слабостите, најголема маана на оваа професија се потенцијалните клиенти со незгодни карактери кои сакаат да те омаловажуваат и да те третираат како најдолно суштество на планетата. Но, исто така огромна слабост на оваа професија е општествената стигма и јавното негативно мислење и осуда од поголемиот број луѓе.

Како би изгледала твојата професија доколку сексуалната работа би била декриминализирана во нашата земја?

Одлична професија и работа, накратко би бил одговорот. Би работела во безбедни услови, без страв, не би се срамела од својата професија и гордо би кажувала со што се занимавам. Веројатно би била и повеќе заштитена од полицијата и би била помалку деградирана кога би побарала помош од институциите.

Како невладиниот сектор ти помага да се избориш за твоите права како сексуален работник?

Невладиниот сектор ни е од голема помош на нас, сексуалните работнички. На најразличен начин ни помагаат преку информирање и обучување за тоа како да се заштитиме и бориме за нашите права, како да дејствуваме во одредени ситуации. Сметам дека борбата што се води е заедничка со граѓанскиот сектор и се надевам дека еден ден ќе успееме да се избориме за она што го заслужуваме.

(Интервјуто е оригинално објавено во месечниот магазин  S-work No. 102 и S-work No. 103 во два дела)