Извештај од истражување: Проценка на компатибилноста на постоечките услуги за сексуално и репродуктивно здравје со потребите на сексуалните работници во Северна Македонија

Во Северна Македонија услугите за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) на клучните популации, меѓу кои и сексуалните работници како популација под зголемен ризик од ХИВ инфекција, се воспоставени пред 15 години преку поддршката на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Во 2018 година,  по престанокот на финансиската поддршка на Глобалиот фонд, Северна Македонија е една од ретките земјки во регионот која ги има одржано услугите за сексуално и репродуктивно здравје преку целосно преземање на финансирањето на услугите од страна на Министерството за здравство. Претходни истражувања имаaт документирано дека сексуалните работници во Северна Македонија имаат oтежнат пристап до квалитетни здравствени услуги. Овие бариери вклучуваат немање здравствено осигурување, стигма и дикриминација во здравствениот сектор и од страна на здравствените работници или финансиски потешкотии во пристапот до здравствени услуги и/или обезбедување третман и соодветно лекување. Граѓанските организации, од друга страна, имаат изградено капацитети и се препознаени од страна на заедницата на сексуални работници како даватели на навремени, бесплатни и квалитетни услуги за СРЗ кои имаат пристап до ранливите популации што се надвор од опфатот на здравствениот систем.

Ова истражување е развиено од СТАР- Првиот колектив на сексуални работници на Балканот во обид да се подобри достапноста и сеопфатноста на услугите кои се достапни на сексуалните работници во Северна Македонија и да се дефинираат промените кои се потребни за да се унапреди грижата за СРЗ кај сексуалните работнци во Северна Македонија преку организирање интегрирана грижа со што луѓето ќе бидат во фокусот на вниманието и која ќе одговара подобро на индивидуалите потреби. При тоа извештајот од истражувањето ја документира компатибилноста на достапните услуги во граѓанскиот сектор за СРЗ со потребите на сексуалните работници и да дефинира клучни приоритети и решенија за унапредување на услугите за СРЗ за сексуалните работници достапни во заедницата преку граѓанските организации.

Издавањето на оваа публикација е во рамки на нашиот проект „Национална имплементација на SWIT алатката“, поддржан од SWAN (Мрежата за застапување за правата на сексуалните работници).

Извештајот од истражувањето можете да прочитате/преземете тука:

Извештај од истражување: Проценка на компатибилноста на постоечките услуги за сексуално и репродуктивно здравје со потребите на сексуалните работници во Северна Македонија