Во рамки на кампањата по повод одбележувањето на 3-ти март – Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници, Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје, ја организираше втората хуманитарна онлајн аукција „Акција за реакција 2“ која се одржа од 28.02.2022 до 07.03.2022 година преку онлајн настан креиран на Фејсбук профилот на организацијата: https://www.facebook.com/events/489195542617486
На хуманитарната аукција, наменета за помош и поддршка на сексуалните работници кои сè уште ги чувствуваат последиците од социо-економската криза предизвикана од КОВИД-19, деветнаесет (19) автори, меѓу кои и наши партнерски организации донираа дела кои беа дел од хуманитарната аукција.
Сакаме да изразиме голема благодарност до авторите/организациите: Румена Бужаровска, писателка, Никола Гелевски, главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Темплум“, Петар Андоновски, писател, модната куќа LUDUS, Ирина Тошева, дизајнерка, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје преку нивната креативна акција за општествени промени #реупотребигоумот, Бојан Ковски, уметник, Симона Манчева, визуелна артистка, Ерина Богоева, фотографка, Ирена Мила, фотографка, Јана Јакимовска, уметница, Коалиција МАРГИНИ, Лепа Георгиевска, портретна и модна фотографка, галерија „Леонардо“, Катерина Димитровска, дизајнерка, Ивана Секулоска, дизајнерка, Јана Трбојевиќ, мејкап артистка, Тиииит! Инк. и ПичПрич, и Ксенија Котев, дизајнерка, кои најсрдечно ги понудија своите дела со цел собирање на финансиска средства за помош на сексуалните работници во социјален ризик.
На хуманитарната онлајн аукција „Акција за реакција 2“ беа собрани вкупно 7.950 денари. Собраните финансиски средства ќе бидат наменети за помош и поддршка на сексуалните работници и нивните семејства кои се наоѓаат во исклучително тешка економска ситуација и кои ги чувствуваат последиците од економската криза предизвикана од постојаниот раст на цените на секојдневните трошоци за живот.
Во духот на транспарентноста и јавната отчетност, ги објавуваме продадените дела за време на хуманитарната аукција „Акција за реакција 2“, и износот на донираните средства:
Бр. | Автор на делото | Опис на делото | Донирани средства |
1 | Румена Бужаровска | Сет книги: Збирка раскази„Не одам никаде“, Збирка раскази „Чкртки“, и Збирка раскази „Мојот маж“. | 800 денари |
2 | Никола Гелевски | Графички роман „Плати па клати: мемоари на еден уживател на проституција во слики и зборови“ од канадскиот автор Честер Браун. | 800 денари |
3 | Петар Андоновски | Роман „Страв од варвари“, 2018 год. | 350 денари |
4 | Петар Андоновски | Сет од 3 книги: „Страв од варвари“, „Очи со боја на чевли“ и „Лето во кое те нема“. | 1200 денари |
5 | Ирина Тошева | Лесна кошула со голема ретро јака и винтиџ копчиња изработена од deadstock материјал во величина М. Уникатно парче | 3000 денари |
6 | Јана Трбојевиќ | Ваучер за шминка | 1800 денари |
Во име на заедницата на сексуални работници, им се заблагодаруваме на сите кои се вклучија во реализација на хуманитарната аукција и сите кои донираа средства за сексуалните работници во социјален ризик кои и понатаму остануваат маргинализирани во овие кризни времиња.
Во прилог официјалниот ивештај: